Правдико

   

Вооружен судир на германската полиција и десните екстремисти

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во јужна Германија во средата утрото дошло до судир меѓу припадниците на полицијата и еден член на екстремно десното движење ткн „Гранани на Рајхот“ при што се повредени четири полицајци, од кои еден потешко, соопштено е во баварското место Рот.

sudir-germanija-oruzje

„При обидот да биде одземено нелегално оружје во еден објект во Георгенсгмуенд во округот Рот, припадник на ткн ‘Граѓани на Рајхот’ отвори оган врз полицијата. Притоа се повредени четири полицајци, еден потешко“, изјавил министерот за внатрешни работи на сојузната покраина Баварија, Јоаким Херман на вонредната прес-конференција.

Хермна појаснил дека сторителот е совладан и е ставен во притвор. Акцијата на полицијата во раните утрински часови следела по одлуката на судот со којашто 49-годишниот припадник на „Граѓани Рајх’ му се одземаат дозволите и му се запленува оружјето врз основа на „променетите околности“ иако не е наведено за кои околности станува збор.

Таканаречените „Граѓани на Рајхот“ се припадници на движењето кое ја признава само Германија во границите од 1937 година, и не ги признава институциите на СР Германија па така ниту судските пресуди. Некои од припадниците на ова продолжување, кој Бирото за заштита на уставниот поредок (BND) го вбројува во екстремната десна сцена, носат и лични карти од непостојниот „Рајх“.

Поради непризнавањето на државните институции на припадници на ова движење често доаѓаат во судир со законот. Јоаким Херман најави остро спротиставување на секое опирање за спроведување на законот на подрачјето на СР Германија и припадниците на движењето ги опиша како опасни.

„Тука не станува само збор само за групација чудаци и луѓе кои живеат во минатото, туку со лицата кои се толку длабоко во својот идеолошки заблуди дека се подготвени да се судрат и со претставниците на законот, но мие сме одлучни да се спротставиме на ваквите настојувања“, рекол Херман.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико