Воспитувачка во детска градинка во Аеродром тепала дете | Правдико

Правдико

   

Воспитувачка во детска градинка во Аеродром тепала дете

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Полициска станица Аеродром 36-годишната Е.Г. од Скопје пријавила дека откако го зела нејзиниот шестгодишен син од градинка забележала дека на десниот образ има оток. Детето кажало дека неговата воспитувачка го удрила неколкупати по десниот образ.

За настанот веднаш го известила директорот на градинката, кој рекол случајот да го пријави во полиција. Е.Г. го однела синот во Здравствена установа, каде што од страна на лекар ѝ била издадена лекарска потврда за констатирани повреди во вид на оток во пределот на лицето.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико