Воведена делумна забрана за движење во шума
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На барање на ЈП „Национални шуми“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, воведе делумна забрана за движење во шума, во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.
Забраната почнува да важи од денеска, и тоа за периодот од 6 до 20 часот и ќе трае до нејзиното отповикување.
Одлуката е донесена со оглед на зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор поради високите температури кои се најавуваат во летниот период.
ЈП „Национални шуми“ апелира до сите граѓани на исклучително внимание при движење во шума и избегнување на сите активности што можат да предизвикаат пожар.
Извор: Макфакс