Правдико

   

Воведување фискален апарат според новите законски измени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

makedonija-se-gprs-ira-156308Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува  по банкарски пат (во натамошниот текст: готовински плаќања), должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат сметка за извршениот промет, односно услугата ( во натамошниот текст: фискална сметка). За даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги на зелените пазари набавката на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања ја врши трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало.

Фискалниот систем на опрема се состои од: фискална апаратура и од интегриран автоматски систем за управување.

Фискалната апаратура се состои од:

– електронски каси со фискална меморија;
– фискални принтери со фискална меморија и
– електронски системи со фискална меморија за регистрирање на прометот на нафтени деривати на мало преку сметачки средства за количината и потрошокот на течни горива (бензиски пумпи,плински пумпи и сл.).

Интегрираниот автоматски систем за управување е систем за постојана електронска комуникација на трговскиот објект со Управата за јавни приходи за секојдневно автоматско пренесување на податоци во вид на дневен финансиски извештај.

Интегрираниот автоматски систем за управување се состои од:

– GPRS терминал (General packet radio service) и
– крипто модул.

Техничките и функционалните карактеристики на интегрираниот автоматски систем за управување Комуникацијата и преносот на податоците меѓу GPRS терминал и серверот на Управата за јавни приходи се врши преку GPRS мрежа на мобилните оператори во Република Македонија наменета за пренос на податоци.

fiskalnaМобилните оператори обезбедуваат VPN (Virtual private network) кон даночниот обврзник и серверот на Управата за јавни приходи, постојаност на мрежата и сигурност на податоците кои се пренесуваат преку нивната мрежа од GPRS терминал на даночниот обврзник до серверот на Управата за јавни приходи. Секоја фискална апаратура се поврзува со GPRS терминал и крипто модул кој се користи за една фискална апаратура.

GPRS терминал и крипто модулот може да бидат надворешно поврзани со фискалната апаратура или вградени во фискалната апаратура. Даночниот обврзник е должен да го замени крипто медиумот кој е составен дел на крипто модулот на секои три години и заменетиот крипто медиум да го чува најмалку пет години во објектот. По исклучок, крипто медиумот од резервниот фискален систем на опрема се заменува по потреба при негово нефункционирање. Даночниот обврзник е должен преку мрежата на мобилните оператори да обезбеди постојана комуникација со серверот на Управата за јавни приходи.

Даночниот обврзник е должен да монтира, воведе во користење и да го користи фискалниот систем на опрема од самото пуштање на објектот во употреба. Даночниот обврзник е должен да воведе и да користи фискалeн систем на опрема за секое работно место од каде што се извршува прометот на добра или услуги кои готовински се наплатуваат. Во објекти, во кои се вклучени за користење една или повеќе од една фискална апаратура, податоците од вклучувањето на секоја апаратура се регистрираат во книгата за дневните финансиски извештаи. Даночниот обврзник е должен да води книга за дневни финансиски извештаи.

Не е дозволен промет на добра и услуги кои не се вршат преку монтиран и воведен во користење одобрен фискален систем на опрема, освен во случаите кога е потребен ремонт или поправка на фискалната апаратура односно надворешниот GPRS терминал, а обврзникот не е должен да поседува резервен фискален систем на опрема. Не е дозволен промет (продажба) на нафтени деривати ако нема инсталирано одобрен електронски систем со фискална меморија за извршениот промет од продажба на нафтени деривати на мало. Не е дозволен промет (продажба) на нафтени деривати при нарушена врска во електронскиот систем со фискална меморија за извршениот промет од продажба на нафтени деривати на мало.

Даночниот обврзник чиј просечен промет во деловниот објект надминува 1.000.000 денари во претходната година, со исклучок на даночните обврзници кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензиски пумпи) и автотакси превозници, е должен да регистрира резервен фискален систем на опрема, кој се користи во случај на оштетување и ремонт на главниот фискален систем на опрема. Даночниот обврзник кој во деловниот објект има воведено во употреба два или повеќе фискални системи на опрема, не е должен да регистрира резервен фискален систем на опрема за тој деловен објект.

Даночниот обврзник е должен резервниот фискален систем на опрема да го користи до моментот на отстранувањето на оштетувањето или дефектот и ставањето во употреба на главниот фискален систем на опрема.

Заради правилно евидентирање на прометот даночниот обврзник е должен фискалниот систем на опрема да го чува и одржува во исправна состојба и  е должен да го сервисира фискалниот систем на опрема кај овластен сервисен центар на производителот на фискална апаратура, односно на интегриран автоматски систем на управување од кого истиот е набавен.

Даночните обврзници чиј промет во претходната година  надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците  кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет  на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат фискален апарат со GPRS уред.  Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.

–ПРАВДИКО–

 

Партнери на Правдико