Правдико

   

Воведувањето на ETIAS – „малиот брат“ на визите за Шенген просторот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Такса од пет евра за влез во Европската унија (ЕУ) – оваа најава од Брисел ги загрижи државјаните на балканските земји, од кои многумина сега можат да патуваат без виза, а оваа мерка за нив ќе значи и воведување на некој вид на „лесни визи“, пред се за да се спречи престојот од повеќе од три месеци.

sengen-viza

Ден по излегувањето од ЕУ, Велика Британија технички ќе стане „трета земја“, што значи дека доколку некој Британец сака да патува во земја којашто е во Шенген зоната, тој ќе мора да помине регистрација како кој и да е друг граѓанин од „трета земја“, како на пример дражвјаните на САД, потсетува DW.

Европската комисија во средата во Брисел го претстави ETIAS – системот за електронско пријавување за оние кои влегуваат на територијата на ЕУ, а со овој систем ќе бидат опфатени сите туристи и бизнис луѓе на кои за влез во Унијата им е потребен само важечки пасош, но не и виза. Нивните податоци на тој начин ја границите ќе бидат споредени со постоечките бази на податоци на ЕУ: потерници, налози за апсење, осомничени за тероризам или прекршоци во врска со добивање на виза.

Доколку се открие нешто сомнително, на граничните премини или на аеродромите веднаш ќе се вклучи алармот во контролните системи, најави Европската комисија. Околу 1.800 гранични премини и аеродроми, на надворешните граници на шенгенскиот простор ќе бидат опремени со овие системи. „Тоа не само што звучи прилично сложено, туку и е навистина сложено“, изјавил еден од службениците на ЕУ кој работи на воведувањето на новиот систем. А поврзувањето на базата на податоците со регистарот на оние кои влегуваат во ЕУ ќе потрае најмалку три години и ќе чини околу 220 милиони евра, проценуваат експертите.

Оваа мерка ќе опфати околу 30 до 40 милиони луѓе кои годишно влегуваат во Европската унија или излегуваат од неа. Тие ќе мора да се регистрираат електронски, а системот е сличен на американскиот систем ESTA или на австралијанската ETA. Регистрацијата ќе чини пет евра и ќе важи пет години, додека пак таксата за влез во САД чини 14 американски долари и важи две години. И Канада од ова лето воведе дозвола за влез во земјата, која чини седум канадски долари. Единствено во Австралија туристите не плаќаат такса.

„ETIAS во основа е малиот брат на визите“, изјавил еден службеник во Брисел. ЕУ се надева дека со новата електронска регистрација ќе ја зголеми безбедноста на границите, изјавил потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс. Борците за заштита на податоците го критикуваат овој систем, нарекувајќи го „октопод на податоците“. ЕУ пак неведува дека во прашалникот ќе бидат поставени само 27 прашања. На овој начин, листата ќе биде пократка отколку кај американските колеги и целосно усогласена со европските стандарди за заштита на податоците. „Европа била и ќе остане отворен континент“, рекол европскиот комесар за миграција, Димитрис Аврамопулос, според кого со ова нема да се намали бројот на туристи кои доаѓаат во Унијата.

Паралелно со воведувањето на системот ETIAS, ЕУ планира да воведе и „систематска контрола на границите“ за сите граѓани на Унијата. Нивните пасоши досега беа проверувани по случаен избор, но тоа наскоро би можело да се промени, така што и секој пасош на граѓаните на ЕУ, за време на влегувањето и излегувањето, би требало да биде проверуван во базата на податоци. На овој начин полесно би им се влегло во траг на радикалните исламисти кои се државјани на некои од земјите членки на Унијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико