Возач на автобус шверцувал лекови наменети за коминтенти од Охрид
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Возач на македонски автобус, кој сообраќал на релација Хамбург – Охрид, шверцувал лекови наменети за коминтенти од Охрид.
Царинската управа на Македонија, на граничниот премин Табановце, во два непријавени куфери, сопственост на возачот – македонски државјанин, открила и запленила 2.655 парчиња разни таблети.
Стоката е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Извор: Мета