Правдико

   

Возач на скутер повредил пливач и побегнал, струшката полиција го бара

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полициската станица од Струга, трага по возач на скутер кој повредил пливач и побегнал.

Според полицијата се преземаат мерки за пронаоѓање на лице кое вчера во 16.40 часот управувајќи скутер во водите на Охридското езеро кај населбата „Езерски лозја“, го повредил Р.Д.(50) од струшкото село Ливада.

 

Според пријавата, стружанецот пливал на оддалеченост од околу 500 метри оддалеченост од брегот кај населбата „Езерски лозја“ кога бил удрен од скутер, по што возачот на скутерот веднаш заминал и не му пружил помош на повредениот.

Повредениот од друго лице бил пренесен во Општата болница во Струга.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико