Правдико

   

Возач удрил во пешак и побегнал

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и едногодишен скопјанец со своето возило удрил во пешак и наместо да застане, побегнал од местото на настанот.

Настанот се случил во понеделникот, околу 10,00 часот, во Скопје, на раскрсница од ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ и ул.„Ферид Бајрам“.

Патничко возило марка „мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.А.(21) од Скопје удрило во пешакот С.Д.(60) од с.Мирковци, по што возачот го напуштил местото на настанот. С.Д. била пренесена во Ургентниот Центар-Скопје, каде од страна на лекар била констатирана тешка телесна повреда (скршена карлица) и истата била задржана на лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико