Возачот на камионот во кој имаше 39 тела се изјасни за виновен по две обвиненија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.За виновен по две точки се изјасни возачот на камионот во кој беа пројадени телата на 39 Виетнамци. Тој денеска се изјасни дека е виновен за заговор за помагање на незаконска имиграција и за стекнување пари на криминален начин. Минатиот месец во близина на Лондон беа пронајдени телата во приколката од каминот, а 25- годишниот возач Морис Робинсон беше уапсен и обвинет по неколку обвиненија, вклучително и убиство на 39 луѓе.
Се уште не е одреден датум за судење, а возачот повторно треба да се појави на суд на 13 декември. На денешното сослушување не побараа да се изјасни за обвиненијата за смртта на луѓето.
Во приколката од камионот имало тела на 31 маж и осум жени. Најстариот имал 44 години, а тројца жртви биле помали од 18 години.
Обвинителот на денешното сослушување во судот рече дека најверојатно станува збор за голем и сложен случај.
Возачот Робинсон призна дека со други луѓе заговарал за извршување на делото незаконска имиграција, како и тоа дека се стекнал со пари за кои знаел или се сомневал дека потекнуваат од криминално дејствување.
Уште еден човек од Северна Ирска е обвинет за помагање нелегално да ги внесе луѓето во Британија.
Полицијата во Виетнам уапси 10 луѓе во врска со случајот.
Извор: Макфакс