Возило полно со цигари предизвикало сообраќајка при обид да им избега на цариниците | Правдико

Правдико

   

Возило полно со цигари предизвикало сообраќајка при обид да им избега на цариниците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Возило полно со цигари се обидело да им избега на царинските работници, предизвикало сообраќајка, а возачот потоа го оставил возилото и избегал. Во автомобилот „фолксваген“ биле најдени 1520 штеки цигари, а возачот бил фатен.

vozilo-cigari-carina

Инцидентот се случил пред три дена при редовна царинска контрола во скопската населбата Радишани кога царинските инспектори од Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги, забележале патничко моторно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од скопјанец.

Инспекторите се обиделе да го запрат возилото со помош на звучна и светлосна сигнализација, но обидот бил неуспешен. Возилото продолжило да се движи и со нагло свртување на лево била предизвикана сообраќајна незгода со друго возило. И покрај предизвиканата сообраќајна незгода, лицето напуштајќи го патот продолжило да вози низ околните ниви во правец кон Радишани и по кратко време го запрело возилото, излегло од него и се дало во бегство.

Истото било следено, совладано и лишено од слобода од страна на инспекторите од Одделението за истраги. При првичната контрола на возилото на лице место била забележана поголема количина на цигари без акцизни маркици. Возилото било пренесено во просториите на Царинската управа заради вршење на детален преглед. При прегледот било забележано дека задните седишта од возилото се извадени и целата внатрешност од возилото и багажниот простор биле натоварени со 1250 штеки цигари (850 штеки „Monte Carlo“, 400 штеки „Benton“).

Сторителот е лишен од слобода и против истиот Царинската управа ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство, за сторено кривично дело „Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“ казниво по член 59 став 1 од Законот за акцизите.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико