Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал, а потоа сам се пријавил во полициска станица.
Како што информира МВР, вчера во 18:40 часот на булеварот Кочо Рацин, пред крстосницата со ул. Мирче Ацев во Скопје, патничко возило „бе-ем-ве“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје, удрило во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21) од Скопје. А.П. со возилото го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициска станица.
Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
Извор: Макфакс