Вработен во Министерството за одбрана во Пробиштип се заканувал и ги удирал колегите на работното место | Правдико

Правдико

   

Вработен во Министерството за одбрана во Пробиштип се заканувал и ги удирал колегите на работното место

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во полициската станица во Пробиштип вчера стигнала пријава дека 45-годишен маж вработен во секторот за туризам и услуги при Министерството за одбрана дошол во работните простории и почнал да ги вознемурува и напаѓа своите колеги.

Според пријавата, тој почнал да упатува сериозни закани за животот и телото кон присутните вработени, упатувал и пцости, а потоа се насочил кон Г.А. (46) од село Злетово и му удрил една шлаканица, притоа и понатаму продолжувајќи со закани кон другите присутни.

Како што информираат од МВР, М.И. вакви закани кон вработените упатувал повеќепати. Тој бил повикан во полициската станица и во моментот се врши разговор со него, по што ќе има соодветен поднесок.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико