Вработен во МВР со службено возило удрил во малолетник во Аеродром
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вработен во Министерството за внатрешни работи со службено возило удрил во малолетник во скопската населба Аеродром, кој со тешки повреди бил пренесен во болница.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 11.35 часот после кружниот тек од улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“ кога автомобил „опел астра“, сопственост на МВР, управувано од Б.Р., удрило во малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Извор: Макфакс