Вработена „олеснила“ казино за 1,4 милиони денари | Правдико

Правдико

   

Вработена „олеснила“ казино за 1,4 милиони денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вработена во казино во центарот на Скопје му овозможила на друго лице бесплатно да игра рулет со што се стекнале со противправна имотна корист од 1,4 милион денари.

Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(21) од село Волково за сторено кривично дело „затајување“ и против О.А.(24) од село Сарај за сторено кривично дело „поттикнување“.

На 6 септември во казино на булевар Партизански Одреди првопријавената, како вработена во казиното, по претходен договор со второпријавениот, во повеќе наврати на истиот му издала кредити за рулет за кои тој не извршил уплата. Со ова, според информациите на МВР, двајцата се стекнале со противправна имотна корист од 1.486.383 денари.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико