Вработените во А1 он ќе дадат исказ во Обвинителство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вработените во интернет порталот А1 он Александар Тодевски и Влатко Желчески денеска ќе се појават во Основното јавно обвинителство.
Новинарите кои беа брутално претепани на еден од протестите кој беше организиран од страна на иницијативата „За заедничка Македонија“ денеска ќе дадат исказ во Основното јавно обвинителство.
За Телевизија 24 велат дека очекуваат случајот да се расветли и тепачите да ја добијат казната која ја заслужуваат, бидејќи нападнале луѓе кои професионално си ја вршеле својата работа без никаква причина.
Извор:24 Вести