Вработените во Хрватска ќе добиваат парични средства за годишен одмор | Правдико

Правдико

   

Вработените во Хрватска ќе добиваат парични средства за годишен одмор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хрватска од 2018-та година на своите граѓани преку таканаречени „Сго картички“ (туристички ваучери) ќе им плаќа годишен одмор, соопштуваат од министерството за туризам во Хрватска. Парите ќе ги исплаќаат работодавците на посебна банкарска сметка на нивните вработени, а тие би ја трошеле сумата со „Сго картичките“.

hrvatska-turizam

Според моделот би се укинал постоечкиот регрес до 2.500 куни (330 евра), а би се доделил туристички ваучер во износ до 10.000 куни (1.300 евра) годишно, додека другата варијанта е ваучерот да биде до 5.000 куни (660 евра) со задржување на регресот.

Државата преку даночни олеснувања ќе ги стимулира бизнис компаниите да им овозможат на своите вработени добивање на „Сго картички“. Се разгледува опцијата за воведување на олеснувања на данокот на добивка во износ од 25 до 100 отсто за уплатен износ за туристички ваучер.

Со примена на еден ваков ваучер ќе се овозможи отварање на нови 10.000  до 21.000 нови работни места, раст до 11 милијарда куни нови инвестиции, кои би генерирале помеѓу 2 до 4 милијарди куни (од 250 милиони до 500 милиони евра) нето приходи што претставува и одлична шанса за заработка на  угостителските објекти. Унгарија од 2010-та година има во употреба ваков ваучер или како ја нарекуваат „Szep картичката “. Искуството на Унгарија покажува е забележан пораст на домашните туристи за 30 отсто, а вкупниот приход од домашните туристи е зголем за 64 отсто.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико