Вработените во струшка „Проаква“ стапија во штрајк | Правдико

Правдико

   

Вработените во струшка „Проаква“ стапија во штрајк

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дел од вработените во јавното претпријатие „Проаква“ во Струга вчера започнаа штрајк, барајќи да им бидат исплатени заостанатите плати и придонеси.

FD3FAFEC977EF140BD4BFA25E062A9B7

– Со ваков проблем ние вработените соочуваме со години наназад. Здравствените картони ги земавме со доцнење од три-четири месеци, а еве веќе седми месец ги немаме и нив. Платата ја добиваме дел по дел ама не стигнува за ништо, вели Блерим Ала, вработен во претпријатието.

Според него, неуспешни биле обидите на вработените, синдикатот во претпијатието да ја преземе одговорноста и да притисне врз раководството и локалната власт за решавање на нивниот проблем и токму затоа, како што рече, протестот го организираат спонтано вработените во „Проаква“.

– Се работи за спонтан протест кој не се организира преку синдикатот. Чекавме долго време, но никако да се случи тоа. Затоа решивме спонтано да се организираме ние вработените и да го изразиме нашиот револт заради доцнењето на платите и на исплатата на придонесите, додава Ала.

Астрит Селими, раководител на правниот сектор во претпријатието вели дека проблемот настанал поради некоординираноста на струшкиот и охридскиот „Водовод“ кои заедно со претпријатието „Колектор“ ги сочинуваат трите работни единици на Меѓуопштинското претпријатие „Проаква“.

– „Водовод“ од Охрид ја помина платата, а бевме договорени трите работни единици заедно да ја поминеме платата. Тие не се координираа со нас за да уплатиме и ние и да поделиме дел од платата на нашите вработени. Тие платија други трошоци и ја искористија рамката која изнесува 16 милиони денари за трите работни единици и тука настана проблемот, појаснува Селими.

Штрајкувачите од струшката единица денеска се пожалија дека се при крај и со материјалите за работа и како што велат, не можат да интервенираат при дефектите кои наставануваат во Струга а се во надлежност за санирање на екипите на претпријатието.

Штрајкот, според најавите, ќе продолжи и во текот на наредните денови, се до исполнување на барањата на вработените за исплата на платите и заостанатите придонеси.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико