Вработување во Министерство за економија - 9 слободни места | Правдико

Правдико

   

Вработување во Министерство за економија – 9 слободни места

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013)

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАобјавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 184/2014
за вработување на 9 државни службеници во Министерство за економија за следните работни места:

1.Раководител на сектор за координација на активностите на министерот (1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Општествени и хуманистички науки
–  најмалку 5 години работно искуство во струката од кои 2 години во државната служба
–  познавање на англиски, француски или германски јазик
–  раководни способности
–  комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
–  способност за тимска работа
–  способност за решавање конфликти

Плата: 34.474,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2.Раководител на сектор за информатичка и комуникациска технологија(1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Природно математички факултет, Електро-технички факултет, Факултет за информатички и комуникациски технологии
–  најмалку 5 години работно искуство во струката од кои 2 години во државната служба
–  познавање на англиски, француски или германски јазик
–  раководни способности

–  комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
–  способност за тимска работа
–  способност за решавање конфликти
Плата: 34.474,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

 3.Раководител на одделение за стратешко планирање(1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Правни студии, Економски факултет, Бизнис Администрација
–  најмалку 4 години работно искуство во струката, од кои 1 година во државната служба
–  познавање на англиски, француски или германски јазик
–  раководни способности
–  комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
–  способност за тимска работа
–  способност за решавање конфликти

Плата: 27.201,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

4.Раководител на одделение за инвестициони проекти во енергетиката, Сектор за енергетика (1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Правни студии, Економски факултет, Електро-технички факултет
–  најмалку 4 години работно искуство во струката, од кои 1 година во државната служба
–  познавање на англиски, француски или германски јазик
–  раководни способности
–  комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
–  способност за тимска работа
–  способност за решавање конфликти

Плата: 27.201,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

5.Советник за инвестициони проекти во енергетиката, Одделение за инвестициони проекти во енергетиката, Сектор за енергетика (1)извршител(и);
 
–  Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – Правни студии, Економски факултет, Електро-технички факултет
–  најмалку 3 години работно искуство во струката
–  познавање на англиски, француски или германски јазик
–  лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
–  способност за тимска работа

Плата: 24.049,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

6.Помлад соработник за внатрешна ревизија, Одделение за внатрешна ревизија (1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Економски факултет, Правни студии, Бизнис Администрација
–  без работно искуство
–  познавање на англиски, француски или германски јазик
–  лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
–  способност за тимска работа

Плата: 20.170,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

7.Помлад референт за административни работи, Одделение за енергетска ефикасност и обновливи извори, Сектор за енергетика (1)извршител(и);
 
–  Више или Средно образование (VI или IV)
–  без работно искуство
–  комуникативност, лојалност, чесност, доверливост
–  способност за тимска работа

Плата: 12.655,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

8.Помлад референт за административни работи, Одделение за слободно движење на стоки, Сектор за внатрешен пазар (1)извршител(и);

–  Више или Средно образование (VI или IV)
–  без работно искуство
–  комуникативност, лојалност, чесност, доверливост
–  способност за тимска работа

Плата: 12.655,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

 9. Помлад референт за административни работи, Одделение за експлоатација на минерални суровини, Сектор за минерални суровини (1)извршител(и);

–  Више или Средно образование (VI или IV)
–  без работно искуство
–  комуникативност, лојалност, чесност, доверливост
–  способност за тимска работа

Плата: 12.655,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за економија заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 184/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk.

Прием на апликации до : 02.11.2014

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико