Вработување во Секретаријатот за европски прашања | Правдико

Правдико

   

Вработување во Секретаријатот за европски прашања

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013)

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 68/2015
за вработување на 5 државни службеници во Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања за следните работни места:

 1.Државен советник за координација на европски фондови и друга странска помош(1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Економски факултет/Европски студии
–  најмалку 6 години работно искуство во струката од кои 2 години во државната служба
–  знаење на англиски јазик, познавање на втор службен јазик на ЕУ се смета за предност
–  познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
–  одлични аналитички способности

Плата: 36.855,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2.Советник за евалуација на програмите на ЕУ , Одделение за следење и евалуација на програмите на ЕУ, Сектор за координација на европски фондови и друга странска помош(1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – Општествени науки/ Хуманистички науки
–  најмалку 3 (три) години работно искуство во струката на интеграција во ЕУ или странска помош
–  знаење на англиски јазик, познавање на втор службен јазик на ЕУ се смета за предност
–  познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
–  одлични аналитички способности

Плата: 24.998,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

3.Советник за билателарна помош, Одделение за билателарна и мултилатерална помош, Сектор за координација на европски фондови и друга странска помош (1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – Правни науки/ Политички науки/ Економски науки
–  најмалку 3 (три) години работно искуство во струката на интеграција во ЕУ или странска помош
–  знаење на англиски јазик, познавање на втор службен јазик на ЕУ се смета за предност
–  познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
–  одлични аналитички способности

Плата: 24.998,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

4.Помлад соработник за програмирање на правда и внатрешни работи, реформа на јавна администрација, животна средина, климатски промени и транспорт, Одделение за програмирање на европски фондови, Сектор за координација на европски фондови и друга странска помош(1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Општествени науки/ Хуманистички науки
–  без работно искуство
–  знаење на англиски јазик, познавање на втор службен јазик на ЕУ се смета за предност
–  познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
–  комуникациски способности

Плата: 20.961,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

5.Помлад соработник за евалуација на програмите на ЕУ, Одделение за следење и евалуација на програмите на ЕУ, Сектор за координација на европски фондови и друга странска помош (1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Правни науки/ Политички науки/ Економски науки
–  без работно искуство
–  знаење на англиски јазик, познавање на втор службен јазик на ЕУ се смета за предност
–  познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
–  комуникациски способности

Плата: 20.961,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 68/2015) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk.

Прием на апликации до : 08.02.2015

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико