Вработување во Царинската управа | Правдико

Правдико

   

Вработување во Царинската управа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на член 7 и член 52 став 1 и 2 од Законот за Царинска управа, Царинската управа на Република Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2015

1. Да се изврши вработување на 2 (два) извршители како царински службеници на неопределено време, по пат на јавен оглас, за пополнување на слободните работни места:
– 1 (еден) извршител за работно место виш цариник во царинарница Битола
– 1 (еден) извршител за работно место виш цариник во царинарница Куманово

1. 1 Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови за ова работно место: Економски, правен, машински, електротехнички, технолошки факултет и факултет со царинско шпедитерска насока, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство.

1. 2 Краток опис на работно место: врши прием и контрола на поднесената царинско-стокова документација од аспект на усогласеност со одредбите на царинските, надворешно-трговските и другите прописи; врши царински преглед на стоката и ја споредува најдената сосотојба со податоците од декларацијата и пратечките документи и утврдува дали стоката е правилно пријавена, по прегледот врши пресметка на царински и други давачки и води соодветна царинска евиденција, ја заверува декларацијата и пратечките документи, во случај на неслагање на најдената состојба на стоката со податоците во декларацијата, составува записник за наод; по откриен царински прекршок изготвува Записник за царински прекршок, барање за поведување на прекршочна постапка и спроведува мандатна постапка со издавање на покана за плаќање глоба или платен налог; врши земање на мостра или примерок; предлага накнадна контрола и посебни мерки на контрола и учествува во нив; изработува решенија од царинско управна постапка од надлежност на Испоставата; се грижи за користење и одржување на технички средства во Испоставата; врши и други работи од надлежност на испоставата кои ќе му се доверат.
1.3 Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата). Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот, а завршува во 16,30 часот. Основната плата изнесува 31.053,00 денари.

2. Да се изврши вработување на 2 (два) извршители како царински службеници на неопределено време, по пат на јавен оглас, за пополнување на слободните работни места:

– 1 (еден) извршител за работно место цариник во царинарница Скопје
– 1 (еден) извршител за работно место цариник во царинарница Куманово

2. 1 Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови за ова работно место: Средна школска спрема од економски, технички, општ или административно управен смер во четиригодишно траење, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство.

2. 2 Краток опис на работно место: Врши работи на пријавување на стоките за царинење од упатните царински единици и води соодветна евиденција за истите; превзема мерки на царински надзор над стоките заради обезбедување на истите сместени во царинските магазицини, стоваришта, складишта, царинските зони и други простории и простори и во превозни средства; извршува одредени формалности во царинската постапка и врши наплата на царина и други увозни давачки; превзема потребни мерки во случај кога се работи за основано сомнение дека со царинските стоки под надзор е сторен царински прекршок и за тоа сочинува записник; по откриен царински прекршок изготвува Записник за царински прекршок и спроведува мандатна постапка со издавање на покана за плаќање глоба или платен налог; ракува со технички средства, вклучувајќи и средства за откривање на диверзиони направи (детектор за откривање на оружје, дрога, ренген апарати и др.); учествува во работите за накнадна контрола и посебни мерки на контрола; врши други работи кои ќе му се доверат.

2.3 Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата). Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот, а завршува во 16,30 часот. Основната плата изнесува 22.887,00 денари.

3. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации, а по истекот на рокот за пријавување.

4. Заинтересираните кандидати се должни да достават ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИК на изготвен образец во писмена форма која може да се подигне од архива на Царинската управа или во електронска форма преку интернет страницата на Царинската управа (www.customs.gov.mk). Пријавата се пополнува во целост со точни податоци, кон неа се приложуваат следните документи во фото копија: диплома или уверение за завршено образование со покажан успех во образованието, ако дипломата или уверението е стекната на образовна институција во странство кандидатот е должен да достави и одлука за нострификација, уверение за државјанство, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на компјутерско работење. Царинската управа нема обврска за враќање на приложените документи бидејќи истите се во фотокопија.

5. Кандидатите можат да достават и документи кои не се задолжителни во однос на објавените услови за работните места како што се други стручни оспособувања и усовршувања (уверенија, пофалници, cертификати).

6. Рокот за доставување на пријавите изнесува 7 дена, не сметајќи го денот на самото објавување.

7. Ненавремената, некомплетно пополнета пријава и пријава која не ги содржи бараните докази нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за селекција и избор на Царинската управа.

Пријавата се доставува исклучиво по пошта на следната адреса: Царинска управа, Сектор за управување со човечки ресурси, (со назнака за оглас број 1/2015), ул. ,, Лазар Личеновски,, бр. 13 -1000 Скопје.

По спроведувањето на првична селекција, ќе се изврши тестирање и интервју за што кандидатите ќе бидат повикани во Царинската управа. Избраните кандидати се вработуваат на пробна работа.

ЗАБЕЛЕШКА: Пријавите се поднесуваат во рок од 7 дена почнувајќи од 05.02.2015 година па заклучно со 11.02.2015 година.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико