Вредноста на еврото падна под 1,1 долари | Правдико

Правдико

   

Вредноста на еврото падна под 1,1 долари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вредноста на еврото на азиските брази денеска падна под 1,10 долари, како последица на стравувањата на инвеститорите од последиците од грчката криза.

51E694DAAFA0394BA39D86E021EE96A3

На Берзата во Токио денеска едно евро се менува за 1,0979 американски долари, а во исто време европската валута забележа пад и во однос на јапонскиот јен

Во петокот во Токио, едно евро се менуваше за 1,1160 долари.

Во меѓу време, претседателот на Комисијата за европски прашања во германскиот Бундестаг, Гинтер Крихбаум, соопшти дека штетите што би ги претрпела Германија при евентуален банкрот на Грција би можеле да достигнат и до 80 милијарди евра.

Според него, во случај на банкрот на Грција, ЕУ најверојано ќе треба да и достави „вонредна хуманитарна помош“ на земјата за да се избегнат социјални немири.

– Сето тоа ја наметнува потребата од одржување вонредни средби, изјави Крихбаум, додавајќи дека германската канцеларка Ангела Меркел за денеска закажала вонредна средба со лидерите на водечките партии во Германија посветена на кризат во Грција.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико