Врховен ги бара од СЈО списите за да одлучува за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ | Правдико

Правдико

   

Врховен ги бара од СЈО списите за да одлучува за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд доставил ургенција до Специјалното јавно обвинителство, во кое ги бара списите за да одлучува за предметот за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, во случајот Талир. Од тимот на Јанева за Макфакс велат дека ургенцијата е примена и во најскоро време, СЈО ќе постапи по барањето, а тоа значи дека ќе бидат побарани потребните одлуки, документи и списи од Кривичниот суд.

Станува збор за зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од имотот што СЈО бара да биде приврeмено одземен во рамките на случајот „Талир“, во кој високи функционери на партијата, меѓу кои и лидерот Никола Груевски, се товарат за незаконско финансирање на партијата и за перење пари. Врховниот суд треба да утврди  дали е законито решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со кое е одбиено нивното барање за обезбедување на дел од имотот на една политичка партија.

СЈО на 22 мај оваа година поднесе барање на партијата привремено да ѝ биде одземен имот, односно судот да донесе мерка за забрана за отуѓување на недвижен имот со ставање хипотека поради основано сомневање дека потекнува од кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување. И судијата на претходна постапка и Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го одбија барањето.

„Со барањето за заштита на законитоста, укажано е на неопходноста од толкување на Законот за финансирање на политичките партии во согласност со меѓународните стандарди, врз основа на кои овој закон е донесен, и на околноста дека рестриктивното толкување на првостепениот суд на споменатиот закон е во спротивност и со заложбите за спречување  корупција како неопходен услов за градење демократско општество и почитување на принципот на владеењето на правото“, напишаа тогаш обвинителите на СЈО во соопштението.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико