Врховен го поништи преместувањето на седум судии од Кривичниот суд | Правдико

Правдико

   

Врховен го поништи преместувањето на седум судии од Кривичниот суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На општа седница, затворена за јавноста, вчера Врховниот суд одлучи да прифати седум од вкупно осумте поднесени приговори од судии на Основниот суд Скопје 1 кои беа преместени со новиот годишен распоред за работа во Kривичниот суд.

Седумте судии биле прераспределени од кривичното одделение и од одделението за организиран криминал во прекршочно одделение без да бидат консултирани од страна на изготвувачот на годишниот распоред за работа, кој го правеше в.д претседателката на кривичниот суд Татјана Михајлова.

Според судии во Врховниот суд, сега Михајлова ќе треба да прави нов распоред бидејќи тоа е во надлежност на претседателот, односно на  в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1.

Неколку од прераспоредените судии обвинуваа дека зад нивното деградирање стои поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски затоа што тие јавно се пожалиле дека не се задоволни од неговиот начин на работа. Меѓу прераспоредените имаше и судии кои претходно ги одобрувале барањата на СЈО, додека нивни колеги судии познати по одбивањето на барањата на СЈО ги зазедоа нивните места. Од судот негираа дека по тој принцип е правен распоредот, туку дека измените се законски и правно издржани. Но, Врховниот суд одлучи спротивно и ги прифати приговорите на судиите.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико