Врховен ја одби тужбата на Ахмети и Џафери против Богоевски | Правдико

Правдико

   

Врховен ја одби тужбата на Ахмети и Џафери против Богоевски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд ја одбил како неоснована тужбата за клевета поднесена од тужителите Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери го тужеа екс-разузнавачот Слободан Богоевски дека ги наклеветил во своето сведочење пред американската Комисија за хартии од вредност, во постапка што се водела пред Окружниот суд во Њујорк во 2014 година. Станува збор за случајот Маѓар Телеком. Богоевски во сведочењето рече дека Ахмети и Џафери зеле дел од пет милиони евра мито за Маѓар Телеком.

Седницата за случајот се одржала на 28 октомври минатата година.

Во пресудата на Врховниот суд се наведува дека судечкиот совет ги задолжил тужителите да му ги надоместат трошоците за одговор на ревизијата во вкупен износ од 32.424 денари, во рок од 15 дена по приемот на пресудата.

За случајот во Америка имаше епилог, но не и во Македонија. Предметот го презема и сега веќе поранешното Специјално јавно обвинителство, но разрешница нема.

Во процесот кој се водеше пред судот во Њујорк за нелојална конкуренција, Слободан Богоевски сведочеше дека имало коруптивна корелација меѓу функционери од СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Обвинувањето е дека земале мито во вредност од 7.5 милиони евра за да и овозможат привилигира на позиција на Телеком.

Препорачуваме

Партнери на Правдико