Врховен ќе одлучува за прислушуваните материјали на СЈО | Правдико

Правдико

   

Врховен ќе одлучува за прислушуваните материјали на СЈО

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд, по две одложувања, за денеска го закажа продолжението на општата седница за предлозите на претседателот на судот Јово Вангеловски, кој тврди дека прислушуваните материјали не можат да бидат користени во доказната постапка, и за притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

Вангеловски се повикува на досегашната судска пракса дека доказите прибавени на незаконит начин не може да бидат употребени како доказ во судска постапка.

На денешната седница, која ќе започне во 13 часот, нема да присуствуваат судиите Лидија Неделкова и Исамедин Лимани.

Поради болест на неколку судии, продолжението на седницата беше одложено на неодредено време.

Врховниот суд ќе го разгледува и барањето за заштита на законитоста поднесено од државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, околу притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

На расправата по овие две точки, што започна пред велигденските празници, се видоа спротиставените мислења на судиите. Дел сметаат дека право да поднесува барање за заштита на законитоста има само специјалната обвинителка Катица Јанева заради автономниот статус одреден во Законот за СЈО, додека останатите се повикуваат на Законот за кривична постапка, во кој единствено право да го поднесува овој вонреден правен лек има само државниот јавен обвинител.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико