Врховен му го укина куќниот притвор на Мијалков за случајот „Империја“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Врховниот суд на 27 март 2019 година донел решение по жалбата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за предметот „Империја“ и му го укина куќниот притвор.
Според образложението на највисокиот суд, решението е донесено во согласност со начелното правно мислење утврдено на општата седница на овој суд одржана на 30 јануари 2019 година бидејќи мерката куќен притвор кон обвинетиот Сашо Мијалков е определена по барање на СЈО, кое не е овластен тужител во оваа постапка.
„Делот од решението во кое се наредува обвинетиот С.М. веднаш да се пушти да се брани од слобода се однесува на извршувањето на решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.2.2019 година“, пишува во решението на судот.
За истиот предмет Врховниот суд им го укина куќниот притвор и на Орце Камчев и другите осомничени во предметот „Империја“, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ.
Мијалков, сепак, останува во куќен притвор за предметот „Титаник 2“ за кој што беше осуден на затвор од 3 години.
Извор: Макфакс