Врховен суд: Кривична пријава за Лидија Неделкова поради СЈО | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Врховен суд: Кривична пријава за Лидија Неделкова поради СЈО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд информира дека е поднесена кривична пријава против поранешната претседателка на судот, Лидија Неделкова, која „во својство на претседател на Одделот за казниви дела во Врховниот суд изготвила писмо со невистинита содржина адресирано до кривичниот суд Скопје 1 откако истиот суд барал насоки како да се однесува со истрагите на СЈО“. Врховниот суд на 18 јануари ја поднел кривичната пријава против Неделкова до обвинителството, а вчера бил известен за одлуката и Судскиот совет.

Како што соопшти Врховниот суд, тогашниот претседател на Одделот за казниви дела на 25 март 2016 година изготвил писмо со невистинита содржина адресирано до Основниот суд Скопје 1, во кое е наведено дека Одделот за казниви дела го разгледал барањето и дека дал одговор со кој укажал на потребата Јавниот обвинител на СЈО соодветно да се легитимира по однос на својата надлежност, а поврзано со конкретен кривично правен настан, иако одделот не одлучувал по тоа барање и не се произнел по барањето. Истото писмо потоа повторно е заведено со датум од 1 декември 2016 година и го доставил до Основниот суд Скопје 1“.

Од овие причини, се додава во соопштението, претседателот на Врховниот суд на 18 јануари годинава поднесе кривична пријава против тогашниот претседател на Одделот за казниви дела при Врховниот суд до Основното јавно обвинителство Скопје. За поднесената кривична пријава истиот ден е известен и Јавниот обвинител на Република Македонија, кому му е доставена копија од кривичната пријава со доказите. На 23 јануари годинава за тоа е доставено известување до Судскиот совет.  „За невистинитоста на податоците во писмото, претседателот на Врховниот суд со писмо од 22 јануари годинава го извести претседателот на Основниот суд Скопје 1“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико