Врховен суд на 14 септември ќе одлучува за пресудата на Звонко Костовски | Правдико

Правдико

   

Врховен суд на 14 септември ќе одлучува за пресудата на Звонко Костовски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот на Врховниот суд на 14 септември ќе расправа по барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство во случајот „Пуч“ за пресудата на шестообвинетиот Звонко Костовски, објави „Судство“.

Костовски потпиша спогодба со обвинителството и се согласи на издржување затворска казна од три години. Според СЈО, неопходно е да се направи ревизија на правосилната пресуда и да се утврди одговорноста на сите фактори, но и на фактичката ситуација, за која велат дека е сосема поинаква.

Костовски е единствениот осуден на ефективна затворска казна за кривичните дела неовластено прислушување и шпионажа.

Исто така, тој е единствениот што излезе од притвор благодарение на спорната аболиција на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, што тој им ја додели и на 55 други лица. Иако Иванов се откажа од аболицијата, Костовски остана на слобода.

Извор:Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико