Правдико

   

Врховен суд со одлука во корист на исклучените синдикати од ССМ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Синдикатите кои беа исклучени од Сојузот на синдикати на Македонија денеска информираа дека Врховниот суд донел решение со кои се уважува нивната жалба и му се наложува на Управниот суд да постапи во прилог на овие синдикати.

Адвокатот Звонко Давидовиќ денеска образложи дека одлуката значи оти треба да се спроведе решението на Министерството за труд и социјална политика со кое Дарко Димовски треба да се впише како претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија. Со тоа според него, Врховниот суд постапил законито, ги укинал одлуките на Управниот суд и му наложил мериторно да одлучи. Управниот суд, како што појасни Давидовиќ, нема рок во којшто треба да донесе одлука, но се надева дека судот ќе постапи по решението на Врховниот суд.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико