Врховниот суд го одложи утрешното судење за „Монструм“ по барање на адвокатот Алиспаиќ | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Врховниот суд го одложи утрешното судење за „Монструм“ по барање на адвокатот Алиспаиќ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд на Република Македонија ја извести јавноста дека јавната седница по предметот „Монструм“, а во врска со убиството кај Смилковско Езеро, закажана за утре, во 11 часот, се одлага.

Одложувањето на јавната седница, како што известија од Судот, е по барање на бранителот, адвокат Асмир Алиспаиќ, поради здравствени причини, за што до Врховниот суд е доставена соодветна медицинска документација.

Како што известуваат од прес-службата, терминот за одржување на јавната седница по предметот ќе биде дополнително определен, за што јавноста ќе биде известена.

Инаку, јавната седница  за овој случај еднаш веќе се одложи на 30 мај, кога двајца  од адвокатите не присуствуваа, иако биле уредно известени. Во таа пригода претседателот на Кривичниот совет, Јово Вангеловски, го одби усното барање на адвокатот Алиспаиќ со објаснување дека не треба премногу  да се одолговлекува овој случај поради важноста на истиот и интересот на јавноста.

Трагичниот настан кај Смилковското езеро се случи пред 5 години, непосредно пред големиот христијански празник Велигден, кога на 12 април 2012 беа убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Цветковски.

За петкратното убиство пред 1,5 година се осудени шестмина лица на доживотна казна затвор, а потоа казните ги потврди и апелациониот суд.Д вајца од осудените, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата, сè уште се на Косово и не се екстрадирани. На закажување на јавната седница пред највискиот суд се чекаше 15 месеци.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико