Врховниот суд на САД ја поддржа забраната за влегување во земјата | Правдико

Правдико

   

Врховниот суд на САД ја поддржа забраната за влегување во земјата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот Врховен суд и даде зелено светло на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во целост да ја примени забраната за влегување во таа земја на граѓани од шест главно муслимански држави.

Деветмина судии на Врховниот суд решија дека мерката може да стапи во сила иако пред пониските американски судови се уште се во тек процеси за нејзино оспорување.

Потегот на Врховниот суд значи дека забраната во иднина ќе важи за граѓаните на Чад, Иран, Либија, Сомалија, Сирија и Јемен. Трамп една недела по стапувањето на функцијата во јануари годинава се обиде да ја спроведе забраната, наведувајќи дека тоа е за заштита на САД од тероризам.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико