Врховниот суд одбележува 70 години од основањето | Правдико

Правдико

   

Врховниот суд одбележува 70 години од основањето

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со свечена академија и со конференција, Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одбележи 70 години од основањето.

vrhoven-sud

На свечената академија ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, претседатели и судии на врховните судови на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и на Црна Гора.

Како дел од активностите за одбележување на јубилејот, ќе се одржи регионална конференција на претседатели на врховни судови на земјите од регионот на тема „Судската пракса на Врховниот суд и Европскиот суд за човекови права како неопходен услов за обезбедување на правната сигурност на граѓаните“.

Врховниот суд ја организира конференцијата во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико