Врховниот суд одлучи: Жените во Индија може да станат воени команданти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Врховниот суд во Индија пресуди дека жените може да служат како воени команданти отфрлајќи го ставот на владата дека мажите војници не се подготвени да прифатат наредби од женски офицери бидејќи тоа ги вознемирува.
Судот исто така ѝ нареди на владата во Њу Делхи да ја продолжи постојаната служба, која досега се однесувала само на мажите на сите жени офицери, што сигнализира промена нa родовата еднаквост во традиционално машкиот бастион, пренесува „Ројтерс“.
Со тоа жените ќе добијат исти можности и корист како и нивните машки колеги, вклучително и чинови, промоции и пензии.
Моменатно жените може да работат до 14 години, а трајно вработување им е дозволено само во правните и образовните сегменти на војската.
Извор: Макфакс