Правдико

   

Врховниот суд пресече за „Обамакеар“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд денес ја отфрли тужбата против програмата за здравствена заштита, инаку иницијатива на претседателот Барак Обама, којашто неговите критичари ја означија како социјалистичка политика. Ова се смета за голема политичка победа на Обама против политичките противници.

8CC50F89-86B4-4E74-96A0-F687F048967C_cx0_cy6_cw0_mw1024_s_n_r1

Судот со 6 гласови „за“ и 3 „против“ го потврди легалниот статус на Актот за достапна заштита, којшто стана познат во САД како „Обамакеар“. Законот ги овозможува бенефициите на здравствената заштита за многумина Американци коишто претходно не можеа да добијат такво покритие по пристапна цена.

Противниците го обжалија законот пред Врховниот суд во контекст на неговата интерпретација дека доделува субвенции од федералната влада на сојузните држави, за да им помогнат на лицата коишто самите не можат да купат здравствено осигурување.

Насобраните лица пред Врховниот суд со воодушевување ја дочекаа веста за одлуката. Неколку минути подоцна, Обама од Белата куќа рече дека пресудата претставува победа за американскиот народ.

Актот за достапна заштита е клучен дел на националните политички цели на Обама. Ненси Пелоси, водачката на демократите во Претставничкиот дом, кажа дека Врховниот суд обезбедил дека сите Американци коишто ги исполнуваат условите ќе имаат пристап до даночни кредити за да добијат здравствена заштита којашто може да го спаси животот.

Па сепак, натамошниот спор околу програмата за здравствена заштита може да претставува фактор во кампањата за претседателските избори 2016-та. Тројца кандидати од Републиканската партија денес веднаш најавија дека ова ќе стане едно од главните прашања во неа, без оглед на одлуката на Судот.

Извoр: Глас на Америка

Партнери на Правдико