Врховниот суд во Индија дозволи да се убиваат тигри опасни за луѓето
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Врховниот суд во Индија ја отфрли жалбата за спречување на шумските ренџери да убијат тигрица, која напаѓа луѓе во западната држава Махараштра. Според информациите од властите, тигарот убил пет лица, а активистите се сомневаат дали животното е одговорно.
Судот соопшти дека нема да се меша ако шумските ренџери се принудени да го убијат тигарот.
Поради брзото уништување на шумите, тигрите често доаѓаат во конфликт со селаните, кои живеат во близина на нивните резерви.
Популацијата на тигри во Индија, која неколку години беше во опаѓање, постојано се зголемува од 2006 година, кога земјата ги зголеми своите напори за зачувување.
Надлежните најавија дека најпрво ќе се обидат да ја смират тигрицата, наречена Т1, па ќе пробаат да ја фатат. Ако не успеат во тоа, тогаш ќе мора да ја застрелаат.
Извор: Макфакс