Врховниот суд во Венецуела нападнат со граната од полициски хеликоптер | Правдико

Правдико

   

Врховниот суд во Венецуела нападнат со граната од полициски хеликоптер

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз зградата на Врховниот суд во Каракас, Венецуела, беше фрлена граната од полициски хеликоптер, во нападот што претседателот Николас Мадуро го опиша како терористички чин, пренесува „Индепендент“.

Тој порача и дека специјалните сили ги бараат одговорните за нападот кој уследи по тримесечните протести на опозицијата, како и по превирања во владата.

Според последните информации, гранатата не експлодирала, додека хеликоптерот бил забележан и над Министерството за внатрешни работи.

Провладиниот Врховен суд е особено омразен од противниците на Мадуро, поради одлуките кои ја зацврстија моќта на претседателот, на сметка на опозицијата.

Мадуро се обидува да основа ново законодавно тело, кое би имало превласт над останатите институции. Лидерот на Венецуела се закани и дека неговите приврзаници ќе земат оружје, доколку владата биде насилно сменета од страна на опозицијата.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико