Врз кои трошоци работникот има право на надомест | Правдико

Правдико

   

Врз кои трошоци работникот има право на надомест

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

bigstock_Workers_4569205Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утвредни со закон и колективен договор и тоа:

– дневници за службени патувања во земјата во висина од 8% од основицата;

– дневници за службени патувања во странство согласно Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци;

– теренски додаток во зависност од обезбедените услови за работа на терен (сместување, исхрана и сл.), во висина утврдена со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач;

– надомест за одвоен живот од семејството, во висина утврдена со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач, но не помалку од 60% од основицата. Надоместокот за одвоен живот се исплатува кога работникот е распореден, односно упатен на работа надвор од седиштетто на фирмата или надвор од местото на постојаното живеалиште;

– надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го корисити автомобилот за секој изминат километар;

– надомест на трошоците при селидба за потребите на работодавачот, во висина на стварните трошоци;

Регрес за годишен одмор (к-15)  во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

– со колективен договор на ниво на дејност се утврдува висината на регресот за годишен одмор и новогодишниот надоместок;

Покрај надоместоците наведени погоре , се исплатува надоместок и:

– во случај на смрт на работник на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици;

– во случај на смрт на член на семејното домаќинство на  работникот му се исплатува надоместок во висина од 2 основици;

– во случај напотешки последици од елементарни непогоди најмалку во висина од една основица;

– за непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување во висина на основицата;

– за јубилејна награда во висина на основицата – за најмалку 10  години работа кај ист работодавач.

– при заминување во пензија најмалку двократен износ од основицата

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.  Работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира превоз до и од работното место, како и исхрана за време на работа. Трошоците за исхрана може да изнесуваат најмногу до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошоците за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај.

На работникот му се исплатуваат и други на надоместоци согласно колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Користење на правото на годишен одмор

– Право на регрес за годишен одмор (К-15)

– Остварување на правата од работниот однос и судска заштита

– Основна плата и додатоците кои следуваат

– Права на работниците кои работат ноќно време

Препорачуваме

Партнери на Правдико