Правдико

   

Втора регионална конференција во Битола на Европски студенти за слобода

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

После успешната конференција која се одржа лани во Битола а беше посетена од над 100 млади луѓе, оваа година ќе се одржи втора Регионална конференција организирана од Европски студенти за слобода, Студенти за слобода – Македонија и Либертаниа – Центар за современа политика. Оваа сабота, 27 октомври повторно ќе имаат можност да слушнат интересни говорници и да дискутираат со нив. Конференцијата ќе се одржи во Малата сала на Центарот за култура, Битола со почеток од 10:00 часот.

Европски студенти за слобода секоја есен организираат вакви регионални конференции низ повеќе држави од Европа. За прв пат кај нас, минатата година се организираше регионална конференција во амфитеатарот на Техничкиот факултет во Битола. По успешноста на настанот и посетеноста од над 100 студенти од нашата земја но и регионот, оваа година на ново место и со нови говорници ќе се промовираат принципите на слободата. Конференцијата ќе ја отвори Кевин Фланаган од Ирска со “The best of times – The worst of times”, а на следниот панел за слободниот пазар ќе зборуваат Александар Кокотовиќ од Србија и Каи Вејс од Австрија. Главниот говорник е Мет Кибе од САД, кој е политички аналитичар и претседател на организацијата “Free the People” и ќе зборува на темата “Are you Liberty-Curious? – Building a movement that will change the world”. И со свое предавање, конференцијата ќе ја затвори професорот Бошко Караџовски кој ќе зборува за слободата и цензурата во американската поп култура.

Конференцијата е отворена за сите кои сакаат да присуствуаат само треба да се регистрирате на овој – линк за регистрација. Со формалниот дел се завршува околу 17 часот и од 20 часот продолжува со музиката на Дејан Декс и Сашо Узун во Центар ланч бар на Широк Сокак.

Партнери на Правдико