Втора Регионална работилница на тема “Размена на искуства при транспонирањето и имплементацијата на европското законодавство во областа Борба против трговија со луѓе”. | Правдико

Правдико

   

Втора Регионална работилница на тема “Размена на искуства при транспонирањето и имплементацијата на европското законодавство во областа Борба против трговија со луѓе”.

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Република Македонија со години наназад е единствена земја од регионот која во глобалниот Извештај на американскиот Стејт Департмент за состојбите со трговијата со луѓе е рангирана во групата ТИЕР 1 – држави кои што целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе.“ ова денеска меѓу другото го истакна државниот секретар во МВР и национален координатор за борба против трговија со луѓе г-ѓа Анастасија Илиеска на отварањето на Втората регионална работилница на тема “Размена на искуства при транспонирањето и имплементацијата на европското законодавство во областа Борба против трговија со луѓе” што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје.

IMG_5298

Инаку на настанот освен претставници од Република Македонија присуствуваат и национални координатори за борба против трговија со луѓе на Црна Гора, Србија и Косово, претставници на Национална комисија на борба против трговија со луѓе на Албанија, државни секретари при Министерствата за внатрешни работи на земјите од регионот како и претставници на Германското друштво за соработка (GIZ) со чија помош и поддршка се оствари Работилницата.

Денес и утре во рамки на работилницата претставниците на земјите од регионот ќе ги споделат своите искуства во однос на приближувањето на политиките, ќе го споделат знаењето како и експертиза и добри практики за имплементација на законодавството на ЕУ во однос на трговијата со луѓе и илегалната миграција, бидејќи ова прашање не претставува само национален проблем со кој се соочува една земја, туку прашање за кое можат да се постигнат добри резултати само со регионална соработка.

Извор: МВР

Препорачуваме

Партнери на Правдико