Втора жртва на Ковид-19 во Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, соопшти Министерството за здравство. Ова е втора жртва на Ковид-19 во Македонија.
Според соопштението на МЗ, пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без зголемена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошила неговата состојба, веднаш бил интубиран, ставен на респираторна машина, но по неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет.
Првата жртва од Ковид-19 во Македонија беше регистрирана вчера. Таа е 57-годишна кумановка, која, според министерот за здравство Венко Филипче, била тестирана два пати за коронавирусот, а тестот бил негативен. Посмртно тестот бил позитивен, рече Филипче, додавајќи дека ниту еден тест не е сто отсто сензитивен.
Извор: Радио слободна Европа