Правдико

   

Второстепената комисија со решение, одлуката за уривање на зградата на Панчевски е незаконска

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Zgrada skopje centar pancevski pretsedatel na krivicen sudОпштина Центар постапила незаконски со решението за уривање на зградата во која како сопственик е и претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Како што тврди Панчевски за 24 Вести, Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка денеска донела решение со кое се поништува одлуката на Општина Центар и предметот се враќа на повторно одлучување.

„Жалбата не го запира извршувањето, но ние бевме убедени дека Комисијата ќе ги цени сите докази кои ги понудивме и дека ќе донесе праведно решение за незаконската одлука на Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски“, вели Панчевски.

Шефот на инспекциската служба во Општина Центар, Кочо Стојчевски за 24 Вести вели дека тие не ја добиле одлуката на Второстепената комисија.

„Не знаеме по какви канали ги добива Панчевски ваквите информации, но откако ќе ја добиеме одлуката ќе видиме какви повреди се констатирани и дополнително ќе ја информираме јавноста“, вели Стојчевски.

Денеска Општина Центар поднесе кривична пријава против Панчевски и уште две лица за сторено кривично дело бесправно градење поради надградување на два ката на зградата во строгиот центар на градот.

Панчевски и неговото семејство сами постапија по решението на Општина Центар и почнаа да ги уриваат катовите дивоградба – но како белег и столб на срамот за градоначалникот Жерновски на зградата која го преживеала и земјотресот ќе постават плоча која, како што тврдат тие, ќе сведочи за беззаконието на општината.

Извор: 24 Вести

Партнери на Правдико