Вучиќ: Формирањето на косовска војска ќе значи и прекршување на меѓународното право | Правдико

Правдико

   

Вучиќ: Формирањето на косовска војска ќе значи и прекршување на меѓународното право

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Српскиот премиер Александар Вучиќ во средата изјави дека формирањето на косовска војска би значело кршење на резолуцијата 1244 од Советот на безбедност на ОН и косовскиот Устав, како и дека во врска со тоа очекува поддршка и помош од ЕУ, САД, Русија и „сите останати“, пренесуваат српските медиуми.

Обраќајки се на бизнис форумот во Копаоник, Вучиќ рекол дека тој и косовоскиот претседател Хашим Тачи во вчерашниот разговор не се согласиле за формирањето на косовски вооружени сили.

„Тие разговори не беа лесни, но беа пристојни, а дали сме се согласиле за формирање на косовска војска, одговорот е не. Тоа се големи работи за некој да си игра со нив, прашањето е дали тоа се прави поради некои интерни избори. Се надевам дека некој во Приштина не се раководи од принципите дека преку тоа ќе заработи повеќе гласови“, рекол српскиот премиер.

Вучиќ исто така ги повикал Србите на Косово „да не се плашат и да останат на своите огништа“. „Ние ќе дадеме се од себе преку дипломатски средства да влијаеме на состојбата. По Бриселскиот договор имаме гаранции дека косовските безбедносни сили не смејат да се движат на северот од Косово без согласност од тамошното население и НАТО. Се надевам дека некои разбираат колку ние правиме за мирот и стабилноста, а колку нас не притискаат“, рекол Вучиќ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико