За 1, 2, и за 3 мај нема да има 24-часовен карантин | Правдико

Правдико

   

За 1, 2, и за 3 мај нема да има 24-часовен карантин

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На денешната седница на Владата донесена е одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

На 1, 2 и на 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе им биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67-годишна возраст, в петок, сабота и в недела ќе им биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години в петок, сабота и в недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.

Остануваат во сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико