За 11 месеци во Германија влегле скоро 1 милион бегалци | Правдико

Правдико

   

За 11 месеци во Германија влегле скоро 1 милион бегалци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

migrants_3413081bГерманија за 11 месеци заклучно со ноември забележа рекордни 964.574 баратели на азил, што укажува на тоа дека до крајот на годинава нивниот број ќе достигне до еден милион, соопшти Министерството за внатрешни работи на Германија.

Само во ноември во Германија пристигнаа 206.101 мигранти, што е нов месечен рекорд, кој претходно беше поставен во октомври и изнесуваше 181.166, се вели во соопштението.

Вкупниот број на мигранти за11 месеци од оваа година е четири пати поголем од бројката за цела 2014 година.

Сепак, Федералната администрација за миграција и бегалци беше во можност да го скрати времето потребно за регистрација и статусот на процесирање на новодојдените бегалци од во просек по седум месеци во 2014 година, на пет месеци оваа година, соопшти Министерството.

Препорачуваме

Партнери на Правдико