За 25 години четвртина од Балканот мигирал: Екс ЈУ земјите го губат човечкиот капитал
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Последниот извештај на Светска банка кој беше објавен минатата недела за растот на економиите на шесте балкански држави предупредува дека регионот губи витален дел од својата млада и едуцирана популација. Банката алармира до властите да превземат активности и да се соочат со последиците.
„СЕЕ6 земјите (Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина) се меѓу првите земји кои имаат најмногу емигранти во светот. Денеска една четвртина од популацијата на овие земји живее надвор од нивниот дом„, се вели во извештајот на Светска банка.
Како што анализира Бизнис Инсајдер од почетокот 1990. години има постојан прилив на мигранти од СЕЕ6 земјите кон земјите од ЕУ и таа бројка достигнува околу 4.9 милиони луѓе кои си ги напуштиле домовите.
Извештајот на Светска банка напоменува дека додека на почетокот на 1990, луѓето најмногу емигрирале поради воените конфликти на Балканот, сега тоа го прават поради економски причини.
„Најголем дел од мигрантите се млади луѓе, работоспособни и генерално со повисока едукација, се вели во извештајот.
Извор: еМагазин