За 7 од 1.000 бомби во „Титаник”, СЈО побара исклучување на јавноста
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО побара да бидат отфрлени предлозите на адвокатите на обвинетите во „Титаник“ за доставување записник и барање за примопредавањето на бомбите.
„Обвинетите бараат доказ за да се изведуваат доказите“, рече Стефанова пред судот. Таа потенцира дека листата на докази со бомбите е влезена во правна сила и за тоа веќе има решенија на Апелациониот суд во Скопје, како и одобрен обвинителен акт. „СЈО е државен орган, а вработените се службени лица и сносат одговорност за својата работа“, одговори Стефанова на тезата на адвокатите на обвинетите.
Во седум бомби има приватни разговори и за нив СЈО побара јавноста да биде исклучена откако претходно во судницата ќе бидат пуштени сите бомби.
Специјалното обвинителство во овој предмет има покането 191 сведок и има 5.910 писмени докази.
Извор: Макфакс