Правдико

   

За апсењето на Љубе Бошкоски одново ќе сведочат сите сведоци и оштетни

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Оштетениот Љубе Бошкоски, сите досегашни сведоци и оштетени, ќе мора повторно да сведочат пред судот за случајот „Тортура” бидејќи предметот поради смена на поротник и истек на 90 дена почна од почеток.

Обвинителот Љубомир Лапе побара наместо да се сослушуваат повторно сведоците, да се гледаат видеоснимките од нивните сведочења, но адвокатите на обвинетите Сашо Мијалков и „алфите” беа против.

Сашо Мијалков и шесте „алфи” се изјаснија дека не се виновни. „Апсолутно не се чувствувам виновен”, рече Мијалков. Следното рочиште е закажано за 5 ноември кога треба да се читаат материјалните докази.

Во „Тортура“ обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Анчевски Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Обвинителството ги гони обвинетите за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико