За Дачиќ е спорно што македонска судијка гласа за рамноправноста во БиХ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени денеска дека во Босна и Херцеговина (БиХ) се одвива тивка ревизија на Дејтонскиот договор со која се бара укинување на рамноправноста. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ во интервјуто за ТВ Прва, изјавата на членот на српското претседателство на БиХ, Милорад Додик, „Збогум БиХ, добредојде РС-Егзит“ ја оцени како „политичка борба“.
„Ова не е празна приказна, туку е јасна порака: Ако продолжите со таква политика на загрозување на рамноправноста на српскиот народ, ќе имате проблеми“, изјави Дачиќ.
Зборувајќи за улогата на Уставниот суд во БиХ според Дејтонскиот договор, Дачиќ рече дека Босна е направена според американскиот модел, во која заеднички функции се само она за што ќе се договорат ентитетите, а прашањата поврзани со земјиштето и шумите тоа не се.
„И сега имаме ситуација кога судија од Северна Македонија (Маргарита Цаца-Николовска која е потпретседател на оваа институција во БиХ) гласа дали Република Српска или Хрватите во Босна ќе бидат рамноправни. А тие имаат Охридски договор што им ги гарантира сите права на Албанците, иако ги има помалку од Србите во БиХ“, кажа Дачиќ.
Република Српска се закани со отцепување од БиХ
Инаку вчера пратениците во Република Српска дадоа краен рок од 60 дена за реформа на Уставниот суд на Босна и Херцеговина во спротивно заканувајќи се со отцепување. Овој потег на пратениците од српскиот ентитет следува по одбивањето од судот да ја потврди нивната претходна пратеничка одлука, земјоделското земјиште во Република Српска да биде нивна сопственост, а не на Босна и Херцеговина.
Извор: Радио слободна Европа