За договори над 10.000 евра задолжителен адвокатски печат и потпис | Правдико

Правдико

   

За договори над 10.000 евра задолжителен адвокатски печат и потпис

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

businessman signing a contractОд 1-ви јануари 2017 година ќе започне примената на новиот Закон за нотаријатот, кој донесе голем број новини и реформи во нотарската професија. Меѓу поважните новини во новиот закон е делот на воведување задолжителен потпис и печат од адвокат на договорите, што е услов за договорот да има правно дејство помеѓу странките.

Во новиот Закон за нотаријатот е предвидено: ,,Договорот за продажба и преддоговорот за продажба со вредност на предметот на продажба над 10.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија, задолжително треба да го состави адвокат и задолжително да содржи адвокатски печат и потпис, без оглед дали ќе се потврдат (солемнизираат) или завери потпис на истите.”

Ова значи дека доколку вредноста на самиот договор надминува 10.000 евра во денарска противвредност, за да можете да го заверите на нотар, ќе мора истиот да е составен од адвокат, каде ќе стои неговиот потпис и печат. Доколку ваквите договори не се составени од страна на адвокат, нотарот не смее да ги заверува или солемнизира и истите ќе немаат својство на јавна исправа и нема да произведуваат правно дејство.

Напоменуваме дека единствено адвокатите се овластени да составуваат договори. Секој оној кој составува за надомест договори, без регистрирана дејност, а не е адвокат, прави кривично дело ,,Надриписарство”, за што е предвидена парична казна или затвор до една година.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико