За два месеци – 30 случаи на семејно насилство во Полог
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.За два и пол месеци од годинава, кај соодветните органи во општините Тетово и Гостивар, пријавени се повеќе од 30 семејни насилства. Жртви биле сопруги, родители, дедовци и баби, тетки, стрини и други роднини. Во физичките пресметки насилниците им нанесувале тешки телесни повреди на своите жртви. Еден од случаите заврши со обид за убиство.
Како што информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово, и во тетовскиот и во гостиварскиот крај биле регистрирани по 13 случаи за изминатиот период од оваа година. Во гостиварско имало уште шест случаи кои биле пријавени, а завршиле со предупредување.
За овие физички пресметки, во кои како по правило жртви се или брачните другари или постари и немоќни лица, како најчести причини се наведуваат психичките растројства кај насилниците, расправии за пари, но и љубомора, пороци и слично.
Надлежните сметаат дека во последно време жртвите на семејно насилство се повеќе се охрабруваат да ги пријават случаите на насилство во полицијата, ослободувајќи се од предрасудите поради кои долго време молчеле за семејното малтретирање кое го трпат.
Извор: Утрински Весник